Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека Израел ќе ги интензивира своите операции околу градот Кан Јунис на југот на Појасот Газа.
„Операциите во регионот Кан Јунис ќе се интензивираат и ќе продолжат се додека не го најдеме раководството на Хамас и додека не бидат ослободени израелските заложници“, рече Галант на средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Тој додаде дека зголемениот притисок врз Ирак е од клучно значење и дека може да спречи ескалација на конфликтот и ширење на остатокот од Блискиот Исток. Според него, приоритет на Израел е да овозможи враќање на своите жители на северот на земјата, каде што продолжуваат борбите меѓу израелската армија и либанската милитантна група Хезболах.