Напаѓачот на Галатасарај, Радамел Фалкао може да ја продолжи кариерата во американската лига – МЛС. Според „Diario AS“, Интер Мајами, сопственост на Дејвид Бекам, е заинтересиран за 34-годишниот Колумбиец.

Турскиот клуб е подготвен да го ослободи играчот во случај на привлечна понуда.

Фалкао оваа сезона оствари 22 настапи на сите турнири, постигнувајќи 11 голови и една  асистенција.