Радамел Фалкао стана херој за Галатасарај во својот прв натпревар, откако во четвртото коло од шампионатот ја донесе победата над Касимпаша со 1: 0.
„Ел Тигре“ постигна гол во 38-та минута по асистенција од Омер Бајрам, што се покажа и како единствениот погодок на мечот.
Тој потоа се стрча кон фановите и прослави како што правеше легендата Метин Октај, која почина на 13.09.1991 година во сообраќајна несреќа.
Фалкао играше со огромен ентузијазам и амбиција, која сигурно ќе биде ценета од страсните поддржувачи на турскиот клуб. Беше заменет неколку минути пред крајот.
Галатасарај има 7 бода на своја сметка, но и натпревар повеќе од своите конкуренти, откако во среда игра со Бриж во Лигата на шампионите.