Српската пејачка Јелена Карлеуша, една од најпопуларните личности на социјалните мрежи во регионот, ги коментираше стиловите на облекување на јавните личности од Босна и Херцеговина и од поширокиот регион, како гостинка во Вечерното студио на ТВ Н1.
Таа, покрај другите, го коментираше облекувањето на Бакир Изетбеговиќ, Милорад Додик, Александар Вучиќ и други.
За хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ рече дека е многу згодна и секси.
– Има во нејзе нешто привлечно што не може да се опише. За жени како нејзе воопшто не е битно што ќе облечат, рече Карлеуша за Колинда.