-Тука беше спомнато дека претпријатието „Паркинзи“ во минатото работело домаќински, но од актуелниот директор слушнавме дека во минатото биле давани од Градот Скопје 37 милиони денари за субвенции и дека претпријатието должи 33 милиони денари кон Градот Скопје. Толку од домаќинското работење на претпријатието. А, што се однесува до бранењето на принципите, до укажувањето дека премногу се штитени интересите на претпријатието и слично, тука директорот посочи некои индиции кои што отвораат големи сомнежи, но еве јас ќе говорам и за она кое што претставува јавна тајна, па демантирајте ме дали е така, истакна Луке Галески, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
Дали е точно дека директори, министри, советници и нивни луѓе паркирале бесплатно преку ипад на системот за паркирање?
Галески запраша дали е водено плаќање кое што не било фискално прибележено во претпријатието, а тоа траело со години?
„Дали е точно дека има советници кои што седат во овие советнички клупи, чии што автомобили биле прибележани и кои што имале право да прибележат автомобили на кои што им биле давани годишни карти и биле со ослободувања со цел бесплатно паркирање? Дали на тој список има и министри, актуелни шефови на кабинети? И дали еден поранешен градоначалник со целото негово семејство е на списокот за бесплатно паркирање на претпријатието“, рече Галески.
Галески побара од директорот да поработи на овој случај и истите наоди и индиции да ги сподели со јавното обвинителство.