Тренерот на Пари Сен-Жермен, Кристоф Галтие, е убеден дека неговиот тим има сили и квалитет да постигне добар резултат на реваншот со баерн Минхен во Лигата на шампионите.
– Отсуството на Нејмар не е добро за тимот. Тој е сериозно повреден. Нејмар е исклучителна предност за тимот и може да постигне многу голови. Но тука ќе биде Килијан Мбапе кој е играч големи натпревари. Среќни сме што го имаме во нашиот тим. На такви натпревари ни треба секој играч. Сега имаме доверба дека ништо не е загубено. Има огромна тензија бидејќи нешто големо е пред нас. Секој систем има свои силни и слаби страни. Мора да покажеме силна тимска игра и да ги искористиме нашите шанси. Ќе дадеме се, да продолжиме понатаму, изјави Галтие.
ПСЖ загуби со 1:0 пред својата публика во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен во февруари.
Реваншот во Минхен се игра вечер од 21 часот.