Висар Ганиу, дел од незаоволната група во ДУИ во интервју за „Република“ го коментира поставувањето на Артан Груби за координатор на проектот за изградба на коридорите на „Бектел и Енка“. Ганиу напоменува дека никој не е против изградба на автопати но оти начинот на кој се прави остава простор за сомнеж.
-Коориднатор на тој проект е човек кој никогаш не се занимавал со урбанизам, не знае за 200 метри асфалт фазите како се поставуваат и чудно е да менаџира со целиот проект. Тој треба да решава други работи во министерството за политички систем. а не да се занимава со овој коридор. Не јасна причината зошто овој договор не е објавен јавно бидејќи во последниве години многу се инвестира во транпарентност. На Груби стилот му е да манипулира и да прави Пи-ар и да спинува-смета Ганиу.