Брегзит може да се одложи до 2021 година, според плановите за кои разговараа истакнати официјални претставници на ЕУ во време на растечко незадоволство од тоа како британската премиерка раководи со преговорите, објави „Гардијан”, цитирајќи неименувани извори од Унијата.
Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но развојот на настаните сугерира дека може да се случи двегодишно одложување.
Според Гардијан, ЕУ ја разгледува можноста за одложување ако Тереза Мај не успее „да го протурка” договорот за брегзит во британскиот парламент.
Неименувани извори, исто така, наведуваат дека ЕУ нема да понуди кратко продолжување за останување во ЕУ на неколку недели, но во период од 21 месец, според извори на „Гардијан”, има смисла бидејќи ќе се вклопи во буџетот на ЕУ и ќе ги олесни работите.
Друг извор додава дека е можно Британија да добие продолжување ако лидерите во Лондон тоа го сакаат.