Британскиот весник Гардијан објави дека Пол Манафорт, поранешниот менаџер на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, тајно имал средба со осоновачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Средбата била во Амбасадата на Eквадор во Лондон, само неколку денови или недели откако се приклучил во кампањата на Трамп.
Доколку тие наводи се потврдат тоа навестува директна врска меѓу кампањата на Трамп и Викиликс кои објавија 10-ци илјади мејлови кои наводно руски шпиони ги украле за време на изборите во 2016 година.
Кампањата на Трамп ги искористи тие мејлови за да ја загрози позицијата на тогашната соперничка на претседателските избори Хилари Клинтон.
Гардијан се повикува на неименувани извори и тврди дека Манафорт се сретнал со Асанж во период „околу март 2016 година“ односно во истиот месец во кој руските хакери наводно почнале со напори да украдат мејлови од кампњата на Клинтон.