Британски „Гардијан“ објави листа од 100 најдобри телевизиски серии на 21. век досега, а на врвот се најде „Сопранови˝ (1999 – 2007).
Ова американско ТВ-шоу го следи животот на Тони Сопрано – шеф на италијанско-американски мафијашки клан, како и на неговите соработници и семејството. Серијата има добиено стотици награди. Главната улога ја глуми Џејмс Гандолфини.
На второ место е серијата „Жица“ (The Wire) , а потоа следат „Маркетинг директори“(Mad Men), „The Thick of It“ , „На лош пат“ (Breaking Bad) , британската серија „Канцеларија“ (The Office), а на седмо место се најде „Игра на престолите“ (Game of Thrones).
Според изборот на шест критичари, „Твин Пикс: Враќање“ (Twin Peaks: The Return) е на 22. место, Приказната на слугинката“ (The Handmaid’s Tale)е на 25-то, „Убиство˝ на 28-мо, „Доктор Ху“ (Doctor Who) на 46-то, „Даунтонска опатија“ (Downton Abbey) на 50-то, а „Сексот и градот“ (Sex and the City)е на 57. место.