Шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ вели дека ја поддржуваат земјава да се интегрира во ЕУ, но можни се и други пречки.

Тој не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција. За проширувањето, амбасадорот вели дека е важно дали ЕУ е подготвена, но и земјите дали се подготвени.

„Дали чашата е полуполна или полупразна, зависи дали си власт или опозиција“, рече амбасадорот за извештајот на ЕК за Македонија.

Тој спомена дека се важни и реформите.