ГАШИ: Ахмети нема храброст да се кандидира, ДУИ нека го поддржи Таравари за да оди сигурно во вториот круг

/ 15.02.2024

Го убедувавме Таравари да биде претседателски кандидат бидејќи тоа е за добро на сите граѓани, изборите се двојни и треба да се гледа повисокиот интерес.

Ако сакате да бидете во политика, треба да го гледате интересот на другите колку тоа и да не ви се допаѓа. Тоа што сме поделени како политички партии на етничка основа, треба да се смени. Таравари ќе биде меѓу подобрите кандидати во претседателската трка.

СДСМ паѓа со рејтинзите поради големите концесии што ги има кон ДУИ и на овие избори ќе има историски пораз.

ДУИ кои што постојано се повикуваат на Албанец премиер, сега нека не’ поддржат, доколку ја добиеме нивната поддршка и ги убедат своите гласачи, Таравари оди во втор круг. Таравари е почитуван од многу етнички заедници и многумина ќе гласаат за него.

Ахмети нема храброст да се кандидира. Крајно време е да се натпреваруваме за квалитет на личност а не за етничка припадност, порача вечерва во Само интервју лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Тој додаде:

ДУИ нека одлучи дали се за граѓаните или за партијата. Ако не си ДУИ, не си Албанец за нив, време е ова да оди во историја.

Работат да не’ разединат, оваа коалиција не се прави само до 8 мај.

Пораката е дека сакаме да направиме нови политики што ќе се однесуваат на големите и клучните проблеми на граѓаните.

Во листите сакаме да има принцип на рамноправност, внимаваме некој да не остави впечаток дека некој доминира.

Нема политичко вмешување, Албанците во Косово и Македонија се поврзани, Курти во Македонија е синоним за крај на дваесетгодишното владеење на борците од Косово. ДУИ метастазира во општеството, децата имаат право да се коцкаат на таблет и на телефон.

Ако имаше проблем да се победи Груевски во тој период, сега треба да се победи ДУИ.

Од нас зависи со какво темпо ќе отвораме и затвораме поглавја за ЕУ.

Мислите дека не знаев кои се СДСМ и ДУИ, влеговме во влада поради интересот на сите граѓани.


Од истата категорија