Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија, ја поттикна Алтернатива да бара Резолуција и за албанскиот јазик. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши во интервју за Дојче Веле, порачува дека формулацијата за албанскиот јазик во Уставот е навредувачка, понижувачка и задира во јазичната идентитетска компонента на Албанците
– По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство.“ Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават. – изјави Африм Гаши лидер на Алтернатива.
Гаши потсетува дека за време на тридеценискиот спор со Грција, Албанците застанале зад Македонците, но и сега со Бугарија, но дека тоа не е реципрочно. Во исто време во изјава за утрински брифинг, пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири, вели
– И ден денеска ние се бориме за местото на албанскиот јазик во државата, во Уставот, загарантираноста во употребата на албанскиот јазик. – изјави Елми Азири Алијанса за Албанците.