Говорот што денеска во Собранието го држеше лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, неколкупати беше попречуван од координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, па во еден момент на Гаши „му пукна филмот“ и почна да се расправа со Адеми.
Гаши го нарече Адеми „идиот“ и побара од него да молчи додека тој зборува.
– Ќути, молчи кога зборувам. Елементарна култура треба да покажеш, срамота! Идиот – му порача Гаши.