Албанците треба да бидат опуштени, бидејќи, ако Уставниот суд правилно го прочита законот и петтиот амандман од Уставот, ќе се унапреди употребата на албанскиот јазик во Македонија, вели собранискиот претседател Африм Гаши во интервју за весникот „Лајм“, во врска со најавата на Судот дека на почетокот на октомври ќе ги испитува иницијативите со кои се оспорува уставноста и законитоста на Законот за употребата на јазиците.
Според Гаши, нивото на употреба на албанскиот јазик во Македонија не е на вистинското ниво, а политичката битка на албанските партии треба да биде албанскиот јазик да се изедначи целосно со македонскиот јазик.
– Мора да веруваме во институциите. Уставниот суд постои за да ја оценува уставноста на законите. Ние како Албанци треба да бидеме опуштени, верувам дека петтиот амандман на Уставот, кој беше напишан и договорен со меѓународни експерти по конфликтот и вооружената војна во 2001 година, секако е добро осмислен, добро анализиран и сите знаеме дека идејата на амандманот беше албанскиот јазик да биде официјален со македонскиот јазик. Јас длабоко верувам дека правилното читање на Уставниот суд ќе ја унапреди употребата на албанскиот јазик на ниво на службен јазик, бидејќи амандманот пет вели дека македонскиот јазик и неговото писмо се службени, како и јазикот што го зборуваат над 20 отсто е ист како македонскиот јазик. Сум разговарал и со покојниот Џејмс Пердју, кој беше еден од олеснувачите и преговарачите на Охридскиот договор. Тој во јавна расправа рече за тоа зошто албанскиот не е официјален јазик, треба да ги прашате политичарите. Идејата на Охридскиот договор беше албанскиот јазик да биде официјален на државно ниво и затоа сум опуштен како ќе се толкува. Доволно е објективно да се протолкува и мислам дека нема да има проблем. Но, од друга страна, мора да научиме да не се плашиме бидејќи некој смета дека сме го шверцувале албанскиот јазик. Не е така – рече спикерот Гаши.
Според него, албанскиот јазик не е на нивото што треба да се користи.
– Нашата политичка битка треба да се развива во насока да ги убедиме сите страни дека албанскиот јазик еден ден ќе биде официјален заедно со македонскиот – додаде Гаши.