По повод големиот христијански празник, Велигден, претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите граѓани од православна вероисповед со искрени честитки со желби за добро здравје, мир, благосостојба и духовен спокој.
-Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок, наведува Гаши во честитката.
Велигден, наведува претседателот на Собранието, нека биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани.
-Посакувам празничните денови да донесат радост во домовите, спокој во срцата и надеж за подобро утре. Нека Велигден биде поттик за уште поголемо разбирање, хуманост и почит меѓу сите граѓани. Честит Велигден!, додава Гаши во честитката по повод големиот христијански празник.
Фото: архива




