Претседателот на Собранието Африм Гаши во честитка  по повод  Денот на албанската азбука – 22 Ноември, истакнува дека овој ден претставува еден од најважните моменти во историјата на албанскиот народ, кога биле поставени основите на унифицираната азбука, давајќи му на албанскиот јазик сила на единство и идентитет.

– Како претседател на Собранието на РС Македонија, каде Албанците се државотворен народ и каде јазикот претставува уставно загарантирана вредност, албанскиот јазик го сметам за незаменлив елемент на нашата општествена кохезијa. Мојата заложба останува јасна, дека албанскиот јазик треба да се третира со достоинство, еднаквост и почит на секое институционално ниво. За мене лично, овој ден претставува гордост, а азбуката е наследство што ги отелотворува нашите корени и аспирации. На сите Албанци каде и да се наоѓаат, честит 22 Ноември – Ден на албанската азбука!, наведува Гаши во честитката.

фото: архива