Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ изјави дека големата воена парада во септември „не само што ќе биде демонстрација на воена моќ, туку и порака дека Србија е стабилна и сериозна земја“, најавувајќи понатамошно интензивно опремување на Вооружените сили на Србија (ВСС).
„Во време кога безбедносните околности брзо се менуваат, јасно демонстрираната способност за одвраќање има големо стратешко значење“, рече Гашиќ, за Курир, за парадата што претседателот на земјата, Александар Вучиќ, претходно ја означи како невидена по големина во Србија, но и пошироко.
Тој додава дека јавноста на парадата ќе има можност за првпат да види дел од средствата што се ставени во употреба во ВСС како и дека ќе бидат претставени најновите борбени системи, првенствено од домашно производство.
Зборувајќи за купувањето на француски авиони „Рафал“, Гашиќ рече дека тоа е стратешки чекор во зачувувањето на безбедноста на Србија и најави дека претстои „период на понатамошно интензивно опремување на Вооружените сили со дополнително оружје и воена опрема“.
ФОТО: Сајт Србија МО