Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, го предупреди својот добар пријател Андреа Пирло дека ќе се соочи со многу тешкотии откако вчера беше назначен за тренер на Јувентус, без никакво искуство.
– Пирло има среќа да ја започне својата кариера во Јуве, но во оваа професија не е доволно да си одличен одличен фудбалер. Мора да учите, да работите напорно и тешко да спиете. Има голема разлика помеѓу да се биде играч и да се биде тренер. Сосема е различно и тоа не се учи од учебниците. Тоа е сосема друг свет, посочи Рино.
Пирло (41) го менува Маурицио Сари, кој беше отпуштен откако испадна од четвртфиналето во Лигата на шампионите.