Поранешниот специјален главен обвинител, Гаврил Бубевски ќе биде нов претседател на скопското Јавно обвинителство.
Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство, ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“.
Скопското обвинителство без шеф остана пред половина година, откакообвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител.
Изборот за нов претседател се пролонгираше поради изборите, а освен Бубевски во игра за позицијата се и Ермон Незири, односно Елизабета Павловска.