Битката против Исламската држава сé уште не е завршена и џихадистите остануваат непобедени и подготвени се на повторни акции и покрај елиминирањето на нивната физичка база во Сирија.
Ова пред комисија во Конгресот го изјави генерал Џозеф Вотал, шеф на Централната команда на САД.
– Намалувањето на физичкиот калифат е монументално воено достигнување, но борбата против ИД и насилниот екстремизам е далеку од завршена и нашата мисија останува иста, рече Вотал.
Тој додаде дека „треба да се одржи будна офанзивата против оваа сега широко дисперзирана и дестабилизирана организација која вклучува водачи, борци, ресурси и, се разбира, нивната токсична идеологија“.