Генералниот штрајк на вработените во Белгија, кои бараат поголеми плати, денеска го парализира воздушниот, поморскиот и железничкиот сообраќај во земјата, а затворени се неколку стотици фабрики.
Синдикатите протестираат против лимитирањето на зголемување на платите во период на економски раст и бараат подобри услови за предвремено одење во пензија, за минимална плата и стручно усовршување.
Владата на десниот центар на премиерот Шарл Мишел не е во позиција да одговори на ваквите барања, бидејќи е во технички мандат по рападот на владината коалиција минатата година.
На белгиските аеродроми денеска речиси и да нема слетувања и полетувања, бидејќи контролорите не можат да ја гарантираат безбедноста со мал број луѓе.
Инаку, во Брисел денеска започнува дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО.