Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која е осуден воениот удар во Мјанмар, побара обновување на демократијата и повика на воведување ембарго на оружје за таа земја.
Приврзаниците на Резолуцијата се надевале дека сите 193 земји членки на ОН ќе ја поддржат, но Белорусија побарала гласање.
За Резолуцијата гласале 119 држави, Белорусија еднинствено била против, а 36 членки биле воздржани.
Резолуцијата е резултат на долги преговори меѓу ЕУ и Асоцијацијата на држави од Југоисточна Азија (АСЕАН), чија членка е Мјанмар.
Иако со АСЕАН е постигнат договор да се тежнее кон консензус, членките на асоцијацијата се поделиле. Индонезија и Виетнам гласале за Резолуцијата, додека Тајланд и Лаос биле воздржани.