Нов товар и огромен долг на грбот на македонските граѓани става Владата на СДСМ. Државата ќе позајми 15 милиони евра, а за таа сума од џебот на граѓаните треба да бидат вратени неверојатни 33 милиони евра, пишува Курир.
Имено, како што е објавено на официјалната страница на НБРМ, денес се одржа аукција на државни обврзници.
Понудата во денари е 940.620.000 или во евра над 15 милиони.
Датум за достасување е 30.04.2050-та година, односно 30 години од денес.
Купонската каматна стапка, како што е наведено изнесува 4%.
Тоа значи дека годишната камата ќе изнесува 600.000 евра, а истата треба да се исплаќа цели 30 години.
Во текот на овие 30 години, Македонија ќе исплати вкупна камата од 18 милиони евра.
Тоа значи дека за заем од 15 милиони евра, македонските граѓани ќе треба да вратат 33 милиони евра (15 милиони евра главница и 18 милиони евра камата)