Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изрази загриженост од одлуката на Косово да формира своја армија.

-Тоа е во спротивност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, со која се ограничува одговорноста на мисијата на НАТО, КФОР, нагласи Гутереш.

Според Резолуцијата 1244, КФОР се единствените вооружени сили во Косово.

Генералниот секретар повика на воздржаност на сите засегнати страни.

Српскиот претседател Александар Вучиќ остро ја осуди одлуката на Косово и повика за вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

САД даваат поддршка за формирањето косовска армија откако во октомври побараа од Гутереш да подготви стратегија за прекин на мисијата на НАТО во Косово.