Не е Македонија таа што ја држи Албанија како заложник на интеграциите во ЕУ, туку корупцијата во која е потоната Албанија, смета демократот Гент Стразимири, актуелен пратеник во албанскиот Парламент.
– И да беше С. Македонија, не знам каква надлежност има премиерот на Албанија во ЕУ да го одвои досието на С. Македонија од тоа на Албанија. Албанија е земја која од 2013 година до денес постојано е на листата на земји кои се дават во корупција, сиромаштија, криминал. Сè повеќе се оддалечува од стандардите кои би требало да не доближат до Европа. Да најдеме такви вештачки изговори дека Бугарија не попречува затоа што се инаети со С. Македонија не ми изгледа ни сериозно ни точно, изјави Стразимири, гостувајќи во телевизиска емисија.
Неговата реакција следуваше по изјавата на премиерот Еди Рама, на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шулс во Берлин, дека Албанија ќе се одвои од Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни, поради бугарското вето, додавајќи дека „не можеме да бидеме затворени дома поради проблеми меѓу соседите“.
Стразимири е еден од најпознатите албански политичари. Во перодот 2005-2009 година беше секретар на Демократската партија, 2007/2009 беше заменик министер за внатрешни работи во владата на Сали Бериша, а за пратеник првпат е избран во 2009 а реизбран во 2013 и 2019 годинаI.