Пратеничката од СДСМ и владечкото мнозинство, Милева Горгиева, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет направи дистинкција помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и домаќинското работење на Владата предводена од СДСМ.
Горгиева се осврна на огромната разлика помеѓу приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното 11 годишно владеење и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ.
-Ние не градиме шмизли, лавови, жални врби, палми, ние се насочивме кон вистинските приоритети. Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта. Се градат 4 експресни патишта, Градско – Бреново, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка. Исто така, интензивно се работи на рехабилитација и реконструкција на 40 регионални патишта – исакна Горгиева.
Горгиева најави и дека Владата предводена од СДМС ќе продолжи со грижа за граѓаните и нивните потреби и приоритети.
Владата предводена од СДСМ во периодот што следува започнува со реконструкција на нови 450 километри магистрални и регионални патишта. Додека ВМРО-ДПМНЕ трошеше на барокни фасади, ние како одговорна Влада градиме патишта. ВМРО-ДПМНЕ се фалеше со проектот „Скопје 2014“ кој чини 620 милиони евра наместо да одговори на потребите и приоритетите на граѓаните – заклучи Горгиева.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста