Пејачката Гери Халивел, членка на поп-групата „Спајс грлс“, деновиве се одмора во Дубровник, заедно со сопругот Кристијан Хорнер и во друштво на Берни Еклстон и неговата сопруга Фабијана Флоси.
Гери за тоа се пофали на Инстаграм, објавувајќи видеоснимка како вози џет-ски.
Престојот на пејачката во Дубровник следи по повратничката турнеја со групата „Спајс грлс“, што се одржа низ Велика Британија и Ирска и траеше од 24 мај до 15 јуни.
Гери ја напушти британската група во 1998 година, но девојките годинава повторно се собраа заради својата четврта турнеја. Првите два од 13-те концерти, американските медиуми ги прогласија за дебакл. На турнејата не се приклучи единствено Викторија Бекам, но на своите некогашни колешки им посака среќа.