Германија ги прогласи Белгија и Исланд, како и неколку региони во уште девет европски земји, за области со висок ризик од изложеност на коронавирусот.
Со ова постојните предупредувања за делови од Белгија сега се проширени на целата земја.
На списокот на ризични зони објавен доцна синоќа, Институтот за инфективни болести Роберт Кох исто така ја стави цела Франција, освен регионот Гран Ест, како и Велс и Северна Ирска.
Ризични зони се прогласени и во Естонија, Ирска, Литванија, Романија, Словенија, Унгарија и Хрватска, врз основа на проценка на заразени повеќе од 50 лица на 100.000 жители.
Најновото предупредување ќе ги разбие надежите дека брзото оживување на туризмот ќе ги поттикне европските економии кои се тешко погодени од пандемијата, коментираат светските агенции.
Во исто време, официјални лица ширум Европа предупредуваат дека претстои втор бран на епидемијата на коронавирусот.
Германија ги предупреди своите граѓани во март да не патуваат во странство, но во јуни предупредувањата беа укинати за ЕУ и за земјите блиски до неа.