Аферата со лажирањето на податоците за емисиите на штетни гасови од дизел возилата, во текот на 2019 година ќе го чини германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ уште дополнителни две милијарди евра, објави неделникот „Борзен цајтунг“.
Во изјава за германскиот весник, главниот финансиски директор на „Фолксваген“, Франк Витер вели дека тие две милијарди евра ќе се надоврзат на штеите од 5,5 милијарид евра што поради аферата компанијата ги претрпе во текот на 2018 година.
Од 2015 година, па досега, „Фолксваген“ поради аферата палтил над 27 милијарди евра. Во оваа сума се вклучени вонсудски спогодби со инвеститори и потрошувачи поврзани со аферата, казните што и беа изречени на компанијата од страна на регулаторните органи поради лажирањето на податоците, како и трошоците за отстранување на проблемите кои продонесоа за високо ниво на емисии на штетни гасови од дизел возилата на германскиот автогигант.