Во Германија во третиот квартал од оваа година со 1,24 милиони отворени работни места е регистриран рекорден недостиг од работна сила, соопшти Институтот за истражување на пазарот.
– Во споредба со истиот период минатата година, бројот на непополнети работни места е зголемен за 140.000, се нагласува во соопштението.
Најголем пораст е регистриран во преработувачката индустрија, но и во услужните дејности со преку 600.000 отворени работни места. Во градежништвото имало отворени 180.000 работни места.
Најголем број работни места се отворени за среднисти и виша стручна подготовка (60,8%), потоа за луѓе без квалификации (22%) и за ВСС – 17 отсто.