Германскиот министер за економија Петер Алтмаер денеска изјави дека Германија бара да се стави крај на трговскиот спор со САД.
Според Алтмаер, комесарката за трговија на Европската Унија Сесилија Малстром и американскиот секретар за трговија Вилбур Рос ќе се сретнат во Париз во текот на неделава, на маргините на самитот на организацијата за Економска соработка и развој, и ќе разговараат за трговскиот спор кој изби откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум.
– Мораме да избегнеме повисоки давачки, изјави Алтмаер.
Трамп воведе давачки од 25 проценти за увозот на челик и 10 проценти за увозот на алуминиум во САД, потег на кој ЕУ жестоко се спротиставува.