Околу еден милион германски работници во јавниот сектор ќе добијат 8 отсто зголемување на платите. Тоа го објавија синоќа од синдикатите и регионалните влади.
Зголемувањето влегува во сила од 1 јануари и ќе биде етапно во следните 33 месеци. Минималното зголемување ќе биде за 240 евра.
Мерката е донесена по една недела протести на вработени во јавниот сектор во целата држава. Договорот се однесува и за наставници, полицајци и лица во служби за итна медицинска помош.