Главниот уредник на германскиот весник „Билд“, Jулијан Рајхелт, кој е цел на внатрешна истрага поради поплаки на неколку жени за неговото однесување, побара привремено да биде разрешен од должноста, соопшти групацијата Аксел Шпрингер.
– За да се овозможи сè да се разјасни и да не се наруши работата на редакцијата, тој (Рајхелт) побара од управниот одбор привремено да биде разрешен од должноста додека не се испитаат обвинувањата, соопшти медиумската група, додавајќи дека барањето било прифатено.
Против Рајхелт се поднесени неколку поплаки за малтретирање и злоупотреба на службената положба, по што Аксел Шпрингер почна внатрешна истрага.