Берлин и Вилнус ќе почнат со подготовки за проширување на мултинационалната борбена единица на НАТО во Литванија до големина на бригада, соопштија челниците на земјите во денешната заедничка изјава.

Соопштението е објавено по средбата на германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателот на Литванија Гитанас Наусед и премиерите на Летонија и Естонија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и лидерите на балтичките земји претходно денеска се согласија дека безбедноста на регионот мора да се зајакне со зголемување на бројот на војници и додавање на воздушна и поморска одбрана, објави претходно денеска литванскиот претседател Гитанас Наузеда.

За време на денешната посета на Вилнус, Шолц рече дека Германија е подготвена да ја зајакне својата воена мисија и да го развие својот ангажман кон силна борбена бригада.