Германија има потреба од 260.000 мигранти годишно поради недостиг на работна сила. Тоа го покажува истражување на Фондација „Бертелсман”.
Истражувањето утврдило дека работна сила од ЕУ нема да ги покрие потребите на германската економија. За да се пополни „дупката“, Берлин ќе има потреба од 146.000 работници во година од држави надвор од Унијата.
Најголемата економија во Европа ќе има потреба од најмалку 260.000 нови мигранти годишно до 2060 година, за да се надминат проблемите со недостиг од работна сила предизвикана од демографски пад, се нагласува во истражувањето објавено од Фондација „Бертелсман” .
Официјалните податоци покажуваат дека само 38.000 работници пристигнале во Германија во 2017 година