На германската војска и полиција во последните десет години им исчезнале 60.000 парчиња муниција. Засега не се знае каде и како, но се стравува дека тие би можеле да стигнат во рацете на десничарските екстремисти.
Информацијата доаѓа како одговор од Владата на прашање од повеќе фракции во Парламентот, пишува весникот „Велт“.
Меѓу исчезнатата опрема има и службено оружје, а во тој број не е пресметано исчезнувањето на 50.000 куршуми, како и 62 килограма експлозив на специјалната единица КСК, за што повеќе месеци се дискутира.
Меѓутоа, постои стравување дека десничарско екстремистички мрежи би можеле да се инфилтрираат во војската и полицијата, и да се вооружат со државен арсенал.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер поради сето ова најави расформирање на КСК и реформа во обуката на војниците.
До почетокот на следната година, по налог на Крамп-Каренбауер, треба да биде завршен и извештајот за исчезнувањето на муницијата на КСК.