Гласачите во германската источна покраина Саксонија-Анхалт денеска ќе гласаат за нов парламент, на последното истражување на јавното мислење во Германија пред парламентарните избори во септември, што може да им нанесе удар на надежите на конзервативецот Армин Лашет за наследник на канцеларката Ангела Меркел.
Анкетите покажуваат мала предност за демохристијаните (ЦДУ) Лашет и Меркел, но крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) заостанува само еден процентен поен во анкетата објавена во петокот.Додека повеќето анкети даваат предност на ЦДУ, победата на АфД може да нанесе потенцијален силен удар врз надежите на центристот Лашет.
Меркел, која е на власт од 2005 година, ќе се повлече од функцијата по федералните избори, а високи претставници на ЦДУ велат дека ќе биде тешко да се задржи атрактивноста на партијата кај гласачите, по 16 години на власт.
Националните анкети покажуваат дека Зелените се речиси изедначени со ЦДУ, каде двете партии имаат околу една четвртина од гласовите. Како што пренесуваат германските медиуми, АфД обично има подобри резултати на поранешниот комунистички исток, каде економијата е послаба отколку на запад. Силите на АфД во Саксонија-Анхалт веќе ја насочија дискусијата кон односите на ЦДУ со политичката десница.