Петнаесетта минута. Роналдо постигна гол и се чинеше дека ова ќе биде нов срам и за Германија и за Лев.
Но, Германците не паднаа со духот. Извонредна игра, притисок на секој сантиметар од теренот, но се чинеше дека Германија заборавила како се дава гол.
Но, ако Германците заборавиле, не заборавиле Португалците. Диас во 35 минута и Гуереро во 39 минута постигнаа два гола, во својата мрежа се разбира и ете го пресвртот. Германија поведе со 2:1 и тоа е резултатот со кој се отиде на полувреме.
Но, второто полувреме ги менува работите. Германија пак е таа старата, моќна, и со головите на Хаверц во 51 минута и Госенс во 60 минута поведува со 4:1. Португалија и Роналдо доживуваат потоп, катастрофа, а со оглед на тоа што следниот натпревар им е со светскиот првак Франција, сега во воздух е и нивниот натамошен пласман.
Но, Јота во 67 минута намалува на 4:2. Ова веќе не страшно. Тоа се големи тимови, а два голови разлика се стигнуваат и за пет минути.
Сепак, тие пет минути и тие два гола за Португалија не стигнуваат. Резултатот останува 4:2, Германија се ваќа со победнички дух, сега на мака е Португалија. Дури и нерешен резултат со Франција не е гаранција, а да се победи светскиот шампион сепак не е лесна работа.