Германија ја заплени најголемата суперјахта на светот откако по „обемна истрага“ утврди дека е во сопственост на сестрата на санкционираниот руски олигарх Алишер Усманов.

Германската федерална полиција денеска соопшти дека ја запленила Дилбар, вредна 600 милиони долари (458 милиони фунти) откако го откри вистинскиот сопственик на јахтата.

На „црната листа“ на ЕУ се наоѓа и сестрата на Алишер Усманов, Гулбахор Исмаилова, и се оценува дека тој „индиректно и префрлил средства“, вклучително и јахтата Дилбар.

Јахтата долга 157 метри претходно се сметаше дека е под контрола на германската влада, кога беше забележана во бродоградилиштето Блом+Вос каде од октомври е на ремонт. Официјалните лица брзо ги негираа тие извештаи.