Германија ќе ангажира до 15.000 војници за да им помогне на цивилните власти, додека бројот на новозаболени во земјата достигнува досега рекордно ниво од почетокот на пандемијата.
Портпаролот на германското Министерство за одбрана изјави дека веќе се ангажирани околу 1.300 војници со цел да ги поддржат цивилните власти во борбата против Ковид-19.
Британските медиуми пренесуваат дека Бундесверот е подготвен да испрати до 15.000 војници да им помогнат на цивилните власти во борбата против пандемијата.
Германија досега релативно успешно ја одржуваше пандемијата под контрола. Меѓутоа, од минатата недела дневниот раст на бројот на заразени надминува 4.000, а владата предупреди дека ситуацијата полека излегува од контрола.
Министерството за одбрана досега има добиено околу илјада барања за поддршка од локалните власти.