Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека привремено ги прекинува летовите во белорускиот воздушен простор по присилното слетување на патнички авион во Минск, јави ДПА.

„Со оглед на развојот на моменталната состојба, засега ги прекинуваме активностите во воздушниот простор на Белорусија“, соопшти Луфтханза.

Холандската авиокомпанија КЛМ привремено ќе ги прекине летовите над Белорусија. Одлуката уследи откако холандскиот премиер Марк Руте ги повика авиокомпаниите во Европа да го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија.

„КЛМ го зеде предвид повикот на премиерот Руте за привремено прекинување на летовите над Белорусија до следна наредба. КЛМ ќе го послуша тој повик”, соопшти авиокомпанијата.