Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални планира денеска да се врати во Русија од Германија, каде што му беше укажана лекарска помош откако беше отруен со нервен агенс „Новичок“.

Наскоро се очекува тој да полета од Берлин за Москва.

Навални во средата соопшти дека планира да се врати во Русија, за првпат откако беше затруен со нервниот агенс, во август 2020 година, и покрај сериозниот ризик да биде затворен веднаш по враќањето од Германија.

Руската затворска служба соопшти дека има намера да го уапси Навални доколку се врати во Русија затоа што не ги испочитувал обврските за условната затворска казна што му беше изречена во 2015 година.

Тој веќе се изјасни дека случајот против него е измислен, бидејќи во тоа време бил во Германија, каде амбулантски се лекувал заради труењето, па затоа и не можел да се пријави.

Затворската служба, меѓутоа, наведува дека тој бил ослободен од берлинската болница во септември и дека досега требало да се врати во Москва и да се пријави.