Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) објави, дека речиси 3,5 милиони луѓе веќе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија, што значи дека речиси четвртина од 44-те милиони луѓе се во движење во Украина или во странство. Според проценките, 3,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.
Меѓу бегалците има најмалку 186.000 лица од други земји. Според ИОМ, 13,5 отсто од бегалците биле раселени претходно (во 2014 или 2015 година), кога Русија го анектираше полуостровот Крим, по што избија борби во проруските сепаратистички области на исток.
Раселените лица имаат најголема потреба од лекови, медицинска нега и пари. Меѓу нив има бремени жени и доилки, стари лица и лица со инвалидитет и хронични заболувања.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок очекува уште милиони бегалци да ја напуштат Украина.
„Мораме да претпоставиме дека во наредните недели ќе има од 8 до 10 милиони бегалци“, рече таа на состанокот на ЕУ во Брисел.
Пред две недели, еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел процени 5 милиони бегалци.