Германската разузнавачка служба откри нов кибер напад на руската хакерска група Змија на е-маил налози на германски пратеници, армијата и неколку германски амбасади, објави Шпигел.
Весникот се повикува на извори во службите за безбедност и според нив, последниот напад на хекрите бил откриен на 14 ноември.
Засега не е познато дали се украдени некои податоци.
Шпигел пренесе изјава на германската Федерална служба за заштита наУставот дека таа агенција „во рамки на истрага за кибер кампањата на Змија, открила нови напади, а жртви се првенствено структури од владата и политиката“.
Во април таа агенција соопшти дека постои голема опасност зад кибер нападите врз германски мрежи откриени во 2017 година дека стои хакерската група Змија зад кои е руската влада.