Германските граничари минатата недела од граничните премини со Чешка и со австриската покраина Тирол вратиле околу 16.000 луѓе кои сакале да влезат во Германија.
Германија неодамна воведе гранични контроли поради појавата на нов вид на Ковид-19 во Тирол и влошената епидемиолошка ситуација во Чешка.
Според германскиот весник Билд, минатата недела биле проверени 104.178 луѓе, при што 15.877 лица биле вратени од граница.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека сака граничните контроли да бидат во сила до 3 март, кои според актуелната уредба во сила се до 24 февруари.