Политичари од владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција во Германија зазедоа заеднички став за воведување верски данок во државата и за муслиманските верници со што ќе се овозможи независно работење на џамиите кои сега се финансираат од пари од странство.

– Целта е ослободување на исламот во Германија од влијание од странство и посилна ориентација на извори во Германија, изјави потпретседателот на клубот на демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ, Торстен Фрај во изјава за Велт.

И помалиот партнер во владата на Ангела Меркел, Социјалдемократската партија на Германија се залага за процес за одвојување на исламскиот верски живот во Германија од влијание од странство.

Експерти цитирани од весникот нагласуваат дека со тој потег се намалуваат можностите за радикализација на верниците.