Германија, Шведска и Полска денеска соопштија дека протеруваат по еден руски дипломат како соодветна мерка за протерувањето на нивни дипломати од Москва минатата недела поради учество во протестите за поддршка на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
– Федералното Министерство за надворешни работи денеска прогласи вработен во руската Амбасада во Берлин за персона нон грата, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Одлуката на Москва да ги протера тројцата дипломати, вклучително и еден Германец, „во никој случај не е оправдана“, соопшти Министерството во Берлин.
Владите на Шведска и Полска објавија слични соопштенија.