Потрошувачките цени во Германија паднаа во август на годишно ниво по првпат по повеќе од четири години како резултат на намалувањето на ДДВ, што беше една од мерките во владиниот пакет за стимулации за опоравување на најголемата европска економија од ефектите од епидемијата на коронавирус.
Сојузниот Завод за статистика, Дестатис, денеска соопшти дека усогласената стапка на инфлација, заради споредливост со податоците за зголемувањето на потрошувачките цени во другите земји-членки на ЕУ, во август паднала за 0,1 процент на годишно ниво по стагнацијата во јули. .
„На падот на стапката на инфлацијата, меѓу останатото, влијаеше намалувањето на ДДВ, кое стапи во сила на 1 јули 2020 “, се наведува во соопштението на Дестатис.