Во германскиот концерн „Тенис“, бројот на вработени заразени со коронавирусот се зголеми на 1.029, поради што првиот човек на гигантската индустрија за месо, Клеменс Тенис стана мета на критики, со барања да поднесе оставка.
По масовната појава на коронавирус во кланиците на „Тенис“, Клименс Тенис ги отфрли сите шпекулации во врска со неговата оставка.
– Ќе ја изнесам компанијата од оваа криза. После тоа, ќе видиме што ќе се случи следно, рече тој.
Тоа е неговиот одговор на писмото на неговиот чичко Роберт Тенис кој го повика да поднесе оставка и да му ја препушти раководната функција на својот син Макс.
Клеменс Тенис ги отфрли сите обвиненија од окружните власти дека бил некооперативен во проследувањето на информации за адресата на живеење на вработените.
– Имаме правни проблеми поврзани со заштитата на податоците“ истакна Тенис и додаде дека врз основа на законот за работни односи компанијата не смее да ги чува адресите на вработените.